Денес стартува 30.сезона во првата македонска фудбалска лига, а за прв пат дел од истата нема да биде најтрофејниот клуб во Македонија.
Вардар за жал минатата сезона испадна од најсилната Македонска лига, која денес и официјално ќе го има својот старт за натпреварувачката 2021/22 сезона. Во истата ќе се натпреваруваат вкупно 12 екипи.
Двојки за 1. коло ПМФЛ, денеска 17:30ч.:
Брегалница – Шкупи
Македонија ЃП – Пелистер
Работнички – Борец
Ренова – Скопје
Тиквеш – Шкендија (се игра во Прилеп)
Академија Пандев – Струга ТЛ (се игра во 20:00 ч.)
Во вторник ќе се изврши ждрепката за натпреварите во втората лига, со која ќе биде познат и распоредот на мечеви за црвено-црните.