После вчерашниот одличен старт на ЕХФ шампионатот во Клаипеда, кадетките денеска ќе бидат на многу поголем предизвик и прв сериозен натпреварувачки тест. Косово не беше достојно по квалитетот за нашите девојки, денес наш ривал е домаќинот на овој ЕХФ шампион, селекцијата на Литванија.
Терминот за дуелот и исти како за вчерашниот воведен меч, натпреварот закажан е да се одигра од 18-00 часот. На оваа средба ќе се види што можат кадетките на овој турнир, ќе видиме дали сите аномалии при составувањето на селекцијата и немањето мечеви во подготовките ќе дојдат до израз.
Во првото коло Литванија загуби од Финска на мечот кој се одигра во саботата, па доколку сакаат да ги задржат шансите за 1/2-финале ќе треба сериозно да нападнат, што е уште еден дополнителен предизвик за нас.