Кадетско/младинскиот состав на РК Вардар 1961 предводен од Зоран Петковски-Зенга за денес го има закажано стартот на летните подготовки пред почетокот на есенските возбудувања.
Позната е саатницата на првиот собир, попладнево во 18:30 часот Зенга ќе ја има првата прозивка на своите момци кои одиграа солидно во младинската лига и се закитија со „бронза“ во кадетската конкуренција. Момците ќе работат на физичката подготвеност, првиот тренинг ќе го имаат на кејот на реката вардар во близина на владата на Република Македонија. Оваа недела ги очекува пеколен старт и голем број километри пред нив.
Овој тим ќе настапува во кадетската и младинската лига, РК Вардар формира и пионерски тим од оваа сезона за кој се активни уписите. Истиот ќе го води како тренер Пепи Манасков.