Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вистински тест, кадетките денес на „мегдан“ со домаќинот Литванија
Вистински тест, кадетките денес на „мегдан“ со домаќинот Литванија

Вистински тест, кадетките денес на „мегдан“ со домаќинот Литванија

После вчерашниот одличен старт на ЕХФ шампионатот во Клаипеда, кадетките денеска ќе бидат на многу поголем предизвик и прв сериозен натпреварувачки тест. Косово не беше достојно по квалитетот за нашите девојки,  денес наш  ривал е домаќинот на овој ЕХФ шампион, селекцијата на  Литванија.

Терминот за дуелот и исти како за вчерашниот воведен меч,  натпреварот закажан е да се одигра од 18-00 часот. На оваа средба ќе се види што можат кадетките на овој турнир, ќе видиме дали сите аномалии при составувањето на селекцијата и немањето мечеви во подготовките ќе дојдат до израз.

Во првото коло  Литванија загуби од Финска на мечот кој се одигра во  саботата, па доколку сакаат да ги задржат шансите за 1/2-финале ќе треба сериозно да нападнат, што е уште еден дополнителен предизвик за нас.