Вчера, ЕХФ- Европската ракометна федерација ги потврди и ги официјализираше учесниците од европскиот континент на Светското кадетско првенство во Грузија следната година.
Онака како што и беше најавено, нашата женската селекциј со освоениот златен медал на ЕХФ шампионат во Литванија, стигна до тројна добивка – место на ЕП за кадетки и младинки во 2023 година, како и Мундијалот за кадетки во 2022 година.
Покрај Македонија, место обезбедија уште 14 европски селекции – Холандија, која го освои вториот ЕХФ шампионат во Грузија, како и селекциите што се пласираа од 1 до 13 место на ЕП во Црна Гора.
Кадетското, Светско првенство ќе се игра следната година од 3 до 14 август.