Вчера, по крајот на летната пауза своите подготовки ги стартуваа кадетките на ЖРК Вардар. Тренерскиот двоец, Платон Анжела и Марија Папуџиева го имаа “првиот час“ со младите надежи на црвено-црниот тим.
Оваа екипа претрпе одредени измени оваа лето, дел од девојките заминаа во првиот тим на Вардар, а три преминаа во нови клубови. Сепак атмосферата е на ниво, се работи вредно, веќе има неколку нови имиња кои го збогатија ростерот. Остануваат дел од претходниот „костур“, нови млади и надежни девојки пристапуваат. Наскоро нивниот број ќе се зголеми, се прави одлична млада и конкурентна екипа.
Исто така Вардар објави информација дека прима нови девојки родени 2006, 2007 и 2008 во овој тим. Повеќе детали на следниот линк!