Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Михајловски: Самсоненко го исплати долгот, Вардар е чист кон ЕХФ
Михајловски: Самсоненко го исплати долгот, Вардар е чист кон ЕХФ

Михајловски: Самсоненко го исплати долгот, Вардар е чист кон ЕХФ

Ракометниот клуб Вардар 1961 денес одржа прес-конференција на која се обрати пред медиумите, за очекувањата во новата сезона, беа претставени новите дресови како и новото засилување за тимот, Едуардо Гурбиндо, кој последен се приклучи на тимот поради настапот на Олимписките игри во Токио.

Најпрво се обрати претседателот на клубот, Михајло Михајловски, кој зборуваше и за ситуацијата во која се најде Вардар од страна на ЕХФ, која бараше од клубот да уплати депозит од еден милион евра, како услов да настапува повторно во ЛШ. Михајловски изјави дека клубот е чист, и дека поранешниот сопственик, Сергеј Самсоненко, исплатил долг од 700.000 евра, а подоцна треба да уплати уште дополнителни 300.000 евра како депозит.

Имавме хендикеп и големи нервози кога ЕХФ соопшти дека нашиот настап во Лигата на шампионите е доведен под знак прашалник поради стари обврски. Има тројца играчи кои пријавиле во ЕХФ и од таму потекнува целата таа сторија. ЕХФ инсистираше на некоја нивна конзервативна и неприфатлива идеја да се депонира милион евра за да се има пари да се исплатува ако некој тужи.

Во директни контакти се договоривме со челниците на ЕХФ. Се исплатија играчите по 700.000 евра, а остантите 300.000 евра се како депозит кој стои и тие може да се искористат. Сергеј Самсоненко си озбебеди пари, се исплатија играчите, беше дадена сума од 700.000 евра евра, останатите 300 илјади се депозит, и тие средства можат да се искористат за играчите. Мојата функција во тие преговори беше начинот да се смени плаќањето на тие средства, а за останатите средства беше задолжен Сергеј Самсоненко. Со тоа нема условување дали Вардар 1961 ќе игра во Лигата на шампионите, истакна Михајло Михајловски пред медиумите.