Од утре со тренинзи стартува и младинската школа на фудбалскиот клуб Вардар. На својата официјална страна клубот излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:
Веќе од утре стартува со работа најтрофејната и најуспешна Младинско – пионерска школа, па ви ги претставуваме новините:
За Координатор на Младинско Пионерската школа е назначен Зоран Бошковски – Чоко.
Тренери по генерации:
Генерација 2003 – Никола Глигоров
Генерација 2004 – Петар Георгиевски
Генерација 2005 и 2006 – Сашо Божиноски
Генерација 2007 и 2008 – Владимир Колев
Генерација 2009,2010 и 2011 – Зоран Петковски
Генерација 2012 и 2013 – Сашо Тодоровски
Тренери на голмани:
Слободан Мутибариќ и
Драги Атанасовски
Тренинзите ќе се одржуваат во Тренинг Центарот во Хиподром и започнуваат веќе од утре (Петок, 20.08.2021), и тоа:
- 16:45 почеток на тренинг Генерација 2005
- 17:45 почеток на тренинг Генерација 2007 и 2009
- 18:45 почеток на тренинг Генерација 2006 и 2008