Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци во сабота на генерална проба во Струмица
Вардарци во сабота на генерална проба во Струмица

Вардарци во сабота на генерална проба во Струмица

Фудбалерите на Вардар ќе одиграат уште еден контролен натпревар кој ќе биде главна подготовка пред почетокот на новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија.

Во сабота играчите на Горан Симов ќе патуваат за Струмица, каде ќе одиграат контролен натпревар со екипата на ФК Беласица. Овој дуел е предвидено да започне со почеток од 17-30 часот.

Овој дуел ќе биде од голема важност за двата тренери кои ќе треба да ги корегираат и последните грешки пред стартот на новата сезона која ќе започне идниот викенд. Паровите за првото коло треба да бидат познави оваа сабота.