Вечерва, ракометарките на ЖРК Вардар имаа победнички старт на турнирот „Ѓорче Петров Куп“, откако славеа над српскиот шампион Јагодина со 25-24. Девојките успеаа со победа да стартуваат во ова прво коло и да си овозможат со победа утре над Деспина место во финалето.
Избраничките на Драгана Ристова отворија одлично, имаа водство го контролираа резултатот се до 15-12. Потоа српските ракометарки на шампионот на нашиот сосед со серија од 0-4, направија пресврт и заминаа на одмор со предност од 15-16. Во вториот дел Јагодина водеше со два гола, 16-18, но црвено-црните дами набрзина се вратија, израмнија на 18-18 и потоа се играше гол за гол. Клучниот момент беше на 20-25.секунди до крајот ривалот од Србија имаше напад, бевме со играч помалку во поле. Одлична интервенција на нашиот гол имаше Јована Трајкоска која спречи реми и ни обезбеди минимална победа 25-24.
Трпевска беше прв стрелец со дури 10.гола, Стојановска постигна 5.гола, а Костовиќ, Галевска и Дамјаноска имаа по 2 гола. Кај голамните, Илиќ впиша 7.одбрани, Трајкоска сопре 4.топки.