ФК Вардар во среда и официјално ја започнува новата сезона од Втората македонска фудбалска лига – Запад. Меѓутоа, во овој момент Вардар нема пријавено нови играчи и останува во трка со времето за натпреварот во среда.
Според информациите кои доаѓаат од Вардар, утре е најавена регистрација на новите играчи, е сега колку тоа ќе биде брзо и дали ќе успејат да ги регистрираат сите нови играчи (кои навистина ги има многу), останува да видиме.
Инаку, Вардар во среда со почеток од 16.00 часот гостува во Дебар кај екипата на Кораб. Ова ќе биде прво соочување на овие две екипи по пауза од повеќе од 40.години. Вардар секако дека на овој натпревар е фаворит и оди на победа, но само доколку фудбалерите бидат регистрирани, посебно оние најзвучните – Глишиќ, Мишковски, Пеев, Гроздановски, Стојанов и тн.