Женската сениорска ракометна лига ќе биде дефинирана најдоцна до 1.септември, до кога е рокот за пријавување на учесниците во новата сезона 2021/2022.
Начелно лигата треба да има 16 екипи, кои имаат аспирации да настапат во неа. Сепак дојде до компликации поради новото правило од федерацијата девојки под 16.години да не можат да настапуваат во сениорска лига. Одлука која како и „медал“ има две лица, од една страна се заштитуваат девојките премлади во одредени екипи да бидат дел од натпревари против сениорски, каде често бевме сведоци на драстична резултатска разлика на одиграните мечеви.
Сепак од друга страна на талентираните девојки кои се напредни им се оневозможува шанса да играат на повисоко ниво, така на пример една од најдобрите кадетки на последнот ЕХФ шампионат која е родена 2007 ќе треба да почека шанса во иднина и да се сопре нејзиниот напредок. Во секој клуб има по некоја девојка која треба под 16.години да има шанса да игра во елитата.
Начелно по крајот на пријавувањето и дефинирањето на учесниците треба да има ждрепка за одредување на распоредот и бројот на кола. Се очекува лигата да започне викендот 18/19.септември, но останува да се сочека развојот на настаните.