Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 24 и 26.август ќе одигра два контролни натпревари во Турција со соодветната репрезентација на оваа земја.
Селекторот Неџат Шабани за овие натпревари повика четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Дарко Сековски, Алтин Алији, Андреј Величковски и Димитар Порчу.