Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Загреб го освои турнирот во Добој кој беше „генералка“ пред гостувањето во Скопје, Чупиќ прв стрелец
Загреб го освои турнирот во Добој кој беше „генералка“ пред гостувањето во Скопје, Чупиќ прв стрелец

Загреб го освои турнирот во Добој кој беше „генералка“ пред гостувањето во Скопје, Чупиќ прв стрелец

На последната контролка пред натпреварот од елиминациите во СЕХА регионалната лига, играчите  на ППД Загреб го освоија 52-от меѓународен ракометен „ТВ турнир на шампионите – Добој 2021“. Тие   во финалето беа подобри од екипата на Војводина со резултат 27-19 (13-10).

Оваа средба  беше судир на  шампионите на Србија и Хрватска, претходно „плинарите“ имаа релативно лесни победи над екипите на Копер, Извиѓач и Слога. Момците на  Ивица Обрван  успеаа со трофеј да се вратат во Загреб и во добра атмосфера да го пречекаат четвртфиналниот двомеч со македонскиот шампион Вардар во СЕХА лигата. По оваа средба за прв пат на Ф-4 турниот нема да биде дел еден од двата тима кои единствени до сега имаа учество на сите завршни собири. Првата средба се игра веќе  четврток во Скопје, со почеток од 20:15 часот.

Во финалето поранешниот вардарец,  крилниот играч на загребчани, Иван Чупиќ со осум гола беше најпрецизен во редовите на ППД Загреб.