Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Патникот на Ф4 ќе се решава на реваншот во Загреб
Вујовиќ: Патникот на Ф4 ќе се решава на реваншот во Загреб

Вујовиќ: Патникот на Ф4 ќе се решава на реваншот во Загреб

Во наредниов период ќе се одигра 1/4 финалето од СЕХА-лигата. Вардар за противник го има тимот на Загреб, искусна екипа која изминативе години е редовен учесник на завршните турнири.

Првиот натпревар ќе се одигра утре во С.Ц. Јане Сандански, додека реваншот е на 31.август во Загреб. Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, смета дека се работи за израмнети екипи и дека конечниот победник ќе биде познат откако ќе заврши реваншот во Хрватска. Вујо е среќен што навивачите ќе се вратат на трибините, верува во добра игра и пласман на Вардар на Ф4 турнирот во Задар.

-Играме со Загреб, сметам дека тоа е најизедначениот двомеч во ова четврт-финале на СЕХА лигата. Ќе биде интересно, мислам дека за конечниот победник ќе мора да почекаме 120 минути, ништо нема да се реши по првиот натпревар. Тие доаѓаат во добра форма, но и ние полека ја креваме. Ме радува што ќе имаме навивачи на нашиот натпревар. Не размислувам за конечниот исход на дуелот и колку голови нѝ се потребни, туку мора да одиграме одлично на двата натпревари за да ја елиминираме екипата на Загреб, истакна Вујовиќ.