За два часа во Дебар и официјално започнува новата сезона за ФК Вардар. На стартот, Горан Симов дефинитивно нема да може да смета на новите играчи, кои овој преоден рок го засилија нашиот тим.
Времето беше кратко, па така Вардар не успеја во дадениот рок да ги пријави играчите за настап. Новите дебито во вардаровиот дрес ќе го имаат во второто коло, в недела на гости во Кратово.
Да напоменеме само дека и покрај проблемите денес, Вардар ќе има на располагање неколку проверени имиња како Илиќ, Блажевски, Петковски, а тука ќе бидат и стоперот Мицевски, потоа напаѓачот Мирков, Давков, Парталко и т.н.
Од натпреварот во Дебар нема да има пренос. Ќе чекаме само информации за резултатот.