Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Само во Македонија не се игра младински фудбал
Само во Македонија не се игра младински фудбал

Само во Македонија не се игра младински фудбал

Долго време размислувавме да ја започнеме оваа тема, но чекавме дали може да се случи „чудо“ и да започне сезоната во младинските фудбалски категории.

Дефинитивно само во Македонија не се игра младински фудбал, збориме секако за официјални натпревари во првата, втората и третата младинска лига, како и оние на помалите петлиња во детската лига. Очигледно е дека само во нашата земја, мила Македонија има корона и ниту во една држава во светот. За изминатиов викенд беше предвиден старт на новата сезона во младинските лиги, но истиот не се случи, односно се одложи, причината е, се бараат тестови за екипите, или играчите да бидат вакцинирани, повторно се условува народот во нашата Македонија, или по нивно, или нема спорт, нема ништо друго. Додека во соседна Србија и сите останати земји во Балканот има младински фудбал, активно тече без никакви прекини, само во Македонија нема младински фудбал и крај… Децата започнаа со физичко присуство во училиште, секако со маски, екипите играат секој викенд пријателски натпревари, но првенство и лига, каде треба да се „засукаат“ малку ракавите во федерациите, е тоа нема да има, кратко и јасно.. Истава приказна е и во останатите младински спортови, не само во фудбалот.

Сите младински клубови во Македонија играат пријателски натпревари, секако да ја одржуваат формата и континуитетот, за да не „закржлават“ едноставно и најпросто кажано. Играчите немаат официјален натпревар повеќе од пет месеци, или уште потрагично е имаат само четири официјални натпревари годинава, а истите се земаат да настапуваат за младите фудбалски репрезентации на Македонија, дали на пријателски турнири или тоа се квалификации, важно играат за националниот дрес, но необјасниво, како селекторите на младите репрезентации ги бираат тие играчи и на која основа, каде ги гледаат, кога истите пак ке напоменеме немаат официјален првенствен натпревар повеќе од пет месеци, дали во некоја друга земја има ваков критериум на работа во спортските федерации. Ова е веќе третта сезона по ред, кога младинскиот фудбал или се одложува или целосно се прекинува, едноставно младите играчи кои за кратко време треба да бидат столб на младинската и сениорска репрезентација немаат никаков натпреварувачки ритам, што навистина загрижува за во иднина. Но најлесно е да се каже, дека државата и власта така наложуваат и нема спорт во Македонија, очигледно ваквата ситуација им одговара на голем дел од спортските институции во земјава. Дали истите се распрашале, како функционира младинскиот спорт во останатите земји, или не ги интересираа… потоа ќе збориме во каква ситуација ни е спортот во Македонија, нема што да се чудиме тоа е суровата реалност за младите спортисти во земјава.

Не гледаме никаква цел во тоа играчите да играат за репрезентација, а државата и федерацијата не им овозможува и дозволува да играат првенствени натпревари, нешто што го нема ниту во една друга држава.

За крајот, заклучок… вакцинирани или тестирани, или нема спорт за жал во Македонија. Се додека клубовите не се дигнат на „бунт“ и не се ангажираат да променат нешто, најверојатно ќе остане истава ситуација и во наредниве години, ЗА ЖАЛ !!!!!