Братското дуо Оливие и Кевин Њокас се најнови засилувања на РК Вардар 1961. Супер двоен трансфер успева да договори управата на ,,црвено – црните” буквално во ,,5 до 12″.
И двајцата ќе смеат да играат во домашното првенство и уште поважно, во Лигата на шампионите уште од првиот натпревар против Елверум (15 септември).
Кевин Њокас настапува на десната бековска позиција и ќе игра заедно со Гурбиндо, додека пак Оливие ќе игра на лев бек заедно со Кудуз, Талески и Дијало.
Двајцата треба да бидат последни засилувања за вардарци ова лето. Останува уште од Вардар и официјално да ги потврдат браќата како нови играчи на клубот.