Младинците на ФК Вардар стигнаа до уште една победа на подготвителните натпревари. Утрово гостувавме кај екипата на Македонија Ѓ.П, која ја победивме убедливо со резултат 0:4.
Тренерот Глигоров стартуваше со следниве 11-сетмина: Јовчев, Трпезановски, Ѓоргиевски, Ричков, Давков, Марковски, Хасани, Здравковски, Живков, Андрески и Мирков.
Уште по првото полувреме ги решивме дилемите околу победникот, кога резултатот беше 0:3. Антонио Мирков беше играчот кој го отвори резултатот и донесе предност од 0:1, додека водството на 0:2 го зголемивме преку Лео Андрески кој реализираше од белата точка, откако претходно фаулиран во противничкиот шеснаесетник беше Мирков. До крајот на првиот дел постигнавме уште еден гол во противничката мрежа, истиот беше дело на Огнен Здравковски, за резултат 0:3 на полувреме.
Доминиравме и во вториот дел, период во кој Глигоров им даде шанса за настап на сите играчи кои денес беа во рсотерот. Мирков погоди уште еднаш, но овој пат голот му беше поништен поради недозволена офсајд позиција, додека конечните 0:4 на натпреварот со својот прв гол денес ги постави Филип Трајковски.
Во игра влегоа уште и Саит, Илиевски, Трајковски, Гроздановски и Исмаиљи.