Saturday ,19 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ги ,,сефтоса” новите дресови со – победа!
Вардар ги ,,сефтоса” новите дресови со – победа!

Вардар ги ,,сефтоса” новите дресови со – победа!

Фудбалерите на Вардар се радуваат на првата победа во новата сезона, откако попладнево ја совладаа екипата на Воска Спорт со 2-0 на стадионот ,,Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари со головите на ,,новајлиите” Никола Наумоски и Кристијан Костовски.

Покрај победата, денес ,,црвено – црните” ги ,,сефтосаa” и новите дресови, за прв пат во новата сезона. Можеби токму тие ќе им носат среќа во наредните натпревари.. посакуваме да биде така.

Со оваа победа, Вардар се искачи на првенствената табела и сега има вкупно четири бодови. Следното коло одново Вардар гостува, овој пат кај екипата на ФК Велешта.