Во рамки на второто коло од групата „Б“ се игра скопското женско ракометно дерби помеѓу црвено-црните дами и тимот на ЖРК Металург. Девојките од Автокоманда гостуваат кај ЖРК Вардар во сабота (25.септември) во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
Натпреварот кој ќе се игра во големата сала од нашиот дом е закажан со почеток во 16-00 часот. Правдата ќе ја делат Металари Исмаил и Ненад Николовски.