Браќата Њокас стануваат миленици на вардаровата публика. Со само два тренинга го имаа дебито во црвено-црниот дрес на натпреварот против Елверум, но на поранешните француски интернационалци не им е потребно многу време за воигрување.
Кевин Њокас вчера во победата против Брест Мешков беше прв стрелец кај Вардар со 8 постигнати голови од исто толку обиди кон противничкиот гол. Дефинитивно, Вардар во браќата Њокас најде квалитетни засилувања кои ќе бидат од голем придонес во играта на црвено-црните.
Сите погодоци на Кевин против Мешков можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.