ЖРК Вардар одигра одличен дуел со Металург, ние во дербито го совладавме градскиот ривал. најпрвин водевме, потоа они поведоа, а во финишот влеговме со резултатска симетрија, 23-23. Тогаш со два гола му го зададовме кобниот удар на повозрасниот тим во овој меч.
На сцена стапи дебитанот оваа сезона, една од најдобрите кадетки во земјава, Борјана Коцева. Таа постигна гол во свој стил, со пад покрај два чувари и донесе водство. Очекуваме допрва да блеснува знаејќи го нејзиниот квалитет и вредната работа. Егзекутор на сино-белите беше одличната Трпевска Ивона која погоди одлично со прекрасно движење пред упатениот удар.
*Клучните два гола за победата може да се погледнат на следното ВИДЕО!