Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шпанци ќе му судат на Вардар

Шпанци ќе му судат на Вардар

Утре од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, Вардар го пречекува тимот на Монпелје во рамките на  4. коло од Групата А во Лигата на шампионите.

За овој дуел се делегирани арбитри од Шпанија. На теренот ќе се најдат Андреу Марин и Игнасио Гарсија Серадиља. Делегат на дуелот ќе биде Марко Тоси Бранди од Италија.

Доколку Вардар победи и на утрешниот дуел, ќе остане на првата позиција на табелата во својата група. Се надеваме на фер и коректно судење.