Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > По три години ЖРК Вардар повторно во Европа, утре гостуваме кај Приштина
По три години ЖРК Вардар повторно во Европа, утре гостуваме кај  Приштина

По три години ЖРК Вардар повторно во Европа, утре гостуваме кај Приштина

Стартот на новата сезона од женскиот ЕХФ Европски Куп ќе донесе и враќање на еден поранешен тим кој беше во европскиот крем, кој впишуваше редовни учества на финалните турнири, ЖРК Вардар.
.
Поранешниот македонски шампион беше пет последователни сезони беше учесник на ЕХФ фајнал-форот во Лигата на шампионите  во периодот од 2014 до 2018,   двапати стигна до финалето, во 2017 и 2018 година, губејќи од Ѓер и тоа двата пати во продолжението.
Откако тогашниот сопственик Сергеј Самсоненко престана да го финансира клубот, ЖРК Вардар од 2018 година го промени својот систем, ставајќи акцент на млади ракометарки и се откажа од учествата под покровителство на ЕХФ. Девојките на Ристова кои ги заменија „ѕвездените вардарки“ и како кадетки влетаа во сениорскиот ракомет созреа и добија прилика за настап на меѓународни дуели.
Сега по 3.години пауза ги очекува натпревар, утре црвено-црните девојки ќе гостуваат  екипата на Приштина од Косово, во рамки од второто квалификациско коло на Европскиот Куп.