Тимур Дибиров на вчерашниот натпревар против Алборг беше наш најефикасен ракометар со 9 голови и сите постигнати во првиот дел.
Дибиров испиша нова историја откако успеа да влезе во „Клубот 1000“. Во сите европски натпреварувања, Дибиров ја надмина бројката од 1.000 погодоци, а секако најголем дел од нив се на настапите во Лигата на Шампионите, каде е трет најдобар стрелец после Лазаров и Карабатиќ.