Во периодот од 28-30-ти декември во главниот град на Србија се одржуваше младински ракометен турнир за генерации родени “1998“ и “2000“ година. На него учество земааа кадетските и младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Најголем успех постигнаа нашите младинци предводени од тренерот Петковски, кои на крајот го освоија првото место.
Кадетската машка и женска екипа, како и младинките на крајот се пласираа на четвртото место.
За најдобар стрелец во кадетска машка конкуренција беше прогласен Мартин Карапалевски, додека најдобар поединец во младинска машка конкуренција е Филип Арсеновски.
Сликите се преземени од Ракометен сојуз на Србија.