Кадетите на ФК Вардар доживеа пораз на натпревар од 2.коло во кадетската Супер Лига. Момците на Петар Ѓоргиевски беа поразени на гостувањето кај екипата на Кул. Конечниот резултат гласеше 2:0, со погодоци во вториот дел од натпреварот.
Вардар: Данстак, Ивановски, Таневски, Здравковски, Ибраим, Стојановски (К), Јовановски, Каровски, Величковски, Хајдари, Перковски.
Во првото полувреме имавме две добри шанси да го отвориме резултатот, но истите останаа без реализација. Лука Ивановски прв се закани кон домашниот гол, нашиот играч шутираше на одбиена топка, но само над голот. Обид имаше и Никола Величковски кој се проби од десната страна, упати удар, но истиот го одбрани противничкиот голман. Првата голема прилика на натпреварот ја имаше токму Вардар, после нафрлена топка од корнер на Стојановски, во противничкиот шеснаесетник највисок со глава беше Теодор Перковски кој биеше со глава, но одбрани голманот на Кул. Во последната минута од првиот дел се закани и Левент Ибраим, исто така добра шанса, нашиот играч со глава бие за малку крај голот.
Во вториот дел имаше пад во нашата игра, а Кул се покажа како подобар противник на теренот. Во овој дел од мечот немавме некоја сериозна шанса да го загрозиме противничкиот гол, додека домашниот тим со голови во 71 и 78.минута успеа да стигне до победа со резултат 2:0.
Во игра влегоа и Тренкоски и Хубрев.
Ова е втор пораз сезонава за кадетите, кои и понатаму остануваат без бодови.