Црвено-црните дами успеаа во Европскиот куп да ја минат Приштина во 2.коло и да играат во следното. Девојките од ЖРК Вардар ги дознаа термините за двомечот со холандскиот Јуро Унирек.
Првиот натпревар меѓу Вардар и Унирек ќе се игра во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот на 13 ноември.Реваншот ќе се игра во холандскиот град со чудно име ГГ ‘T Велд на 20 ноември со почеток во 19:00 часот.
Треба да напоменеме дека нашиот тим е единсвен женски претставник од Македонија во Европа, откако претходно беа елиминирани Чаир, Металург и Деспина.