Thursday ,19 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар против Кораб в недела од 13 часот на ФФМ
Вардар против Кораб в недела од 13 часот на ФФМ

Вардар против Кораб в недела од 13 часот на ФФМ

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со натпреварите на домашен терен. По одличната партија и победата над Гостивар и овој викенд вардарци ќе бидат домаќини, овој пат на тимот на ФК Кораб од Дебар.

Овој натпревар е предвидено да се одигра в недела со почеток од 13 часот на теренот на Фудбалската федерација на Македонија, онаму каде што Вардар го играше последниот домашен натпревари.

Инаку, овие две екипи веќе еднаш се сретнаа оваа сезона и тоа во воведното коло во Дебар, каде Вардар играше со речиси младински тим, а резултатот заврши 0:0.

Очекуваме серијата на победи да продолжи и на овој дуел.