Friday ,20 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ѓ.Петров се закани и поведе, па беше прегазен од ЖРК Вардар
Ѓ.Петров се закани и поведе, па беше прегазен од ЖРК Вардар

Ѓ.Петров се закани и поведе, па беше прегазен од ЖРК Вардар

ЖРК Вардар и по седмиот дуел во лигата останува 100%, денес во Јане Сандански ни гостуваше во дербито Ѓорче Петров-ЖРК. Ривалот се закани, поведе со три гола, но ја виде нашата сила, ние се одлепивме во налет и на десет гола. Победивме на крајот со 37-30 (16-16).  Ова е втора наша меѓусебна средба во Групата и втора победа за црвено-црните дами.

254029270_10220484837333150_4543706989582423269_n

Започнавме со водство преку Костовиќ, кое потоа го изгубивме и дого трагавме да се вратиме во игра. Ѓорче поведе со 1-2 и заигра одлично, постојано беа на чекор пред нас. Тие поведоа со 5-8 во 13.минута, Ристова побара минута одмор и во игра ги уфрли Трајкоска, Дамјаноска и Миновска со цел да го сменат ритамот. Мора да напоменеме дека имавме до тогаш и 4 исклучувања, па често бевме со играч помалку во поле. Конечно во 26.минута успеавме да поведеме, Трајкоска нанижа неколку одбрани во напад погодија Трпевска, Стојановска, Костовиќ и поведовме со 14-13. Сепак тимот на Ѓорче покажа зашто е најбогат тим и со најкомплетен ростер и изедначи на 16-16 пред да заминеме на одмор. Покрај голманот Трајкоска во првиот дел се истакнаа и Трпевска со 6.гола и Костовиќ која игра последните кола на високо ниво со 5.погодоци.

252983320_10220484835253098_5640744865591065205_n 253156483_10220484835133095_7860458469679684502_n 254267297_10220484837173146_5759486633035270330_n
Во вториот дел влеговме мотивирани, со желба да направиме пресврт и да дојдеме до нова победа која би ни донела зачувување на врвот. Поведовме на почетокот на вториот дел по одбрана на нашиот голман ,а Трпевска стрелаше за 17-16. Врaќањето од повреда на Трајкоска беше во голем стил, на крилјата на нејзините одбрани тимот во напад се одлепуваше. Поведовме со 20-16 во 36.минута и најавивме различно полувреме од првото. По десет минути игра веќе имавме одлични 6.гола (25-19) предност одкако капитенот погоди атрактивно. Вардарки покажаа квалитет и физичка доминација, очигледно ангажирањето на кондициониот тренер Борис Данески заедно со мудрото водење на тимот на Ристова е добитен рецепет бидејќи не знаееме за пораз оваа есен. Трпевска по контра погоди за високи 10 плус (34-24) на нецели 7.минути до крајот и целосен дебекал на ривалот. Победата дојде со резултат 37-30.

253755758_10220484836493129_4465699375763466235_n 253274809_10220484833893064_6219822943910331450_n 253164156_10220484835213097_8799161715348007997_n 254360839_10220484833813062_9107343719564124401_n

Трпевска беше прв стрелец со 11.гола, таа повторно е двоцифрена. Костовиќ имаше 7.погодоци, капитенот Диневска која беше една од најборбените погоди 6.пати, а 5 гола беа дело на Стојановска Михаела. На голот Трајкоска одбрани 8 клучни удари, Илиќ имаше 3 одбрани.

253156702_10220484838333175_5296730994536616338_n