ФК Вардар игра се подобро и подобро под водство на Никола Глигоров, а се искачува и на првенствената табела. Доколку утре Вардар ја продолжи победничката низа, ќе дојде на само еден поен минус од второто место, односно во следните две кола ќе има можност да се искачи и на една од дветте позиции кои носат Прва лига или бараж.
Вардарци играат како што рековме одлично во последно време, а за добрите резултати е заслужна и верната вардарова публика која од натпревар во натпревар е се по бројна и по гласна. Затоа, ајде утре дојдете сите на игралиштетот на Фудбалската федерација на Македонија, каде од 13 часот ќе игра Вардар против Кораб од Дебар.
Со наша голема поддршка, продолжуваме со победи и собирање на многу значајни бодови. Покажете дека сте верни навивачи на Вардар, а не дерби.
Се гледаме утре на стадион во 13 часот, за наш ФК Вардар!