Преземено од официјалната страница на РК Вардар 1961:
ИЗВЕСТУВАЊЕ за замена на ваучери со билети
Почнувајќи од следниот натпревар од групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите, сите гледачи што имаат купено онлајн ваучери за домашните натпревари на РК Вардар1961, истите ќе мораат да ги заменат за билети за да можат да влезат во салата.
Задолжителната замена на ваучерите се врши поради отстранување на злоупотребата на ваучерите што досега ја правеа некои од гледачите. Во иднина без БИЛЕТ нема да може да се влезе на натпревар од ЕХФ лигата на шампионите.
И натаму останува продажбата на билети онлајн, при што ваучерот што ќе го добиете за купувањето ќе треба да се замени за билет. Доколку билет се купува на продажното место на „купикартизасе“ или на билетарницата пред секој натпрвар, тогаш веднаш добивате билет.
Замената на ваучерите со билетите може да се направи БЕСПЛАТНО на сите продажни места на „Купи Карти За Се“ (www.kupikartizase.com) или пред секој натпревар на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“. Билетарницата ќе работи 2 часа пред почетокот на натпреварите од ЕХФ лигата на шампионите.
За да се избегнат мешаници препорачуваме навреме да се изврши замената на ваучерите со билети.
Следниот меч на Вардар1961 во ЕХФ лигата на шампионите е против ПИК Сегед на 25 ноември во Скопје.