Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Глигоров верува во младите надежи, Филип Ѓоргиевски стартер на четири натпревари сезонава, Дарио Јовановски на два
Глигоров верува во младите надежи, Филип Ѓоргиевски стартер на четири натпревари сезонава, Дарио Јовановски на два

Глигоров верува во младите надежи, Филип Ѓоргиевски стартер на четири натпревари сезонава, Дарио Јовановски на два

Вардарци се наоѓаат во серија од пет последователни победи во Втората Лига-Запад

Шефот на стручниот штаб, Никола Глигоров, верува во младите надежи па така на последните натпревари шанса во стартниот тим добиваат играчи кои се генерација 2003. Филип Ѓоргиевски е играчот кој добива најголема минутажа сезонава што се однесува до играчите од младинскиот погон. Ѓоргиевски на четири натпревари сезонава започна како стартер во сениорскиот тим, додека на последниот првенствен натпревар во првите 11 се најде и Дарио Јовановски, капитенот на младинците, кој играше 45 минути на натпреварот со Кораби, на кој црвено-црните славеа минимална победа. Јовановски одигра 90 минути и во 1/8 финалето од Куп натпреварот против екипата на Скопје, на кој Вардар беше подобар после изведување на удари од белата точка, пласирајќи се на тој начин во најдобрите осум екипи во националниот Куп.

Глигоров заедно со неговите помошници, Ивановски и Таневски одлично ги познаваат младите играчи, со оглед дека и претходно беа дел од младинската школа на клубот, додека Таневски подолго и работи во стручниот штаб на сениорскиот тим. Под нивно водство, Вардар делува сплотено, остварува добри резултати, се надеваме дека и така ќе продолжат и ќе го вратат Вардар на местото каде припаѓа.