РК Вардар 1961 на својата официјална страница излезе со информации за следниот дуел од ЕХФ Лигата на Шампионите. Во истата се вели:
Натпреварот меѓу Вардар1961 и ПИК Сегед од ЕХФ лигата на шампионите се игра утре од 20,45 часот, и со ПУБЛИКА НА ТРИБИНИТЕ во СЦ „Јане Сандански“ според предвидениот распоред.
Пред почетокот на натпреварот со едноминутно молчење ќе им се оддаде почит на жртвите во трагичната сообраќајната несреќа на македонските граѓани во Бугарија и во знак на сочувство со нивните семејства.
Продажбата на билетите за натпреварот ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).
Билети ќе може да се купат и пред самиот почеток на средбата, во четврток од 18,30 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” до почеток на средбата.