Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > „Очаен“ Вардар, Пик Сегед му го нанесе петтиот последователен пораз на двократниот Европски Шампион
„Очаен“ Вардар, Пик Сегед му го нанесе петтиот последователен пораз на двократниот Европски Шампион

„Очаен“ Вардар, Пик Сегед му го нанесе петтиот последователен пораз на двократниот Европски Шампион

Вардар се наоѓа во серија од пет последователни порази, откако загуби и вечерва на домашен терен од екипата на Пик Сегед. Пресудно за поразот беше лошото прво полувреме, период во кој 15 минути не успеавме да постигнеме гол.

Вардар одигра очајно прво полувреме, во кое имаше негатива од седум голови. Иако први успеавме да го отвориме резултатот преку Стоилов, а со претходна одбрана на Томовски, вардарци во наредните 15 минути едноставно ги „преспаа“. Тешко беше да се гледа оваа игра на теренот, промашувања, лесни одбрани на Миклес, а противничките ракометари го полнеа нашиот гол, за по 15 минути игра да имаат предност од 1:8. Не помогна многу ни тајмаутот на Вујовиќ, иако успеавме барем да го постигнеме вториот гол после 16 минути игра. За момент само се вратија надежите кога со двата последователни голови на Дибиров намаливме на 5:9, но до крајот на првото полувреме, гостите од Унгарија ја вратија најголемата позитива, па на пауза се замина со резултат 9:16. Непрепознатливи на бековските позиции, ниту браќата Њокас, па ниту Кудуз кој сезонава се уште нема одиграно ниту еден добар натпревар. Со ваква игра, овој резултат и беше реален на полувреме.

По осум минути игра во вториот дел, Вардар успева да ја намали негативата на 13:17, но се уште сме далеку од пресврт. Во второто полувреме во игра го видовме Талески, па токму со негови три голови успеавме да се доближиме резултатски, 15:18 беше резултатот по 41 минута игра, па Пастор повика минута одмор. Пик Сегед повторно се одлепи на пет голови и одржуваше резултатска рамнотежа. Рутинско до доведоа унгарците крајот на натпреварот, на кој славеа победа со резултат  27:30.

Вардар е во лоша серија од пет последователни порази, игра многу лошо, дали е време за некакви промени ќе видиме во претстојниве денови.