Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров ја предводи листата на најдобри стрелци во ЛШ

Тимур Дибиров ја предводи листата на најдобри стрелци во ЛШ

На Вардар не му оди најдобро во Лигата на Шампионите. Црвено-црните се наоѓаат во лоша серија од пет последователени порази, со кои си го отежнуваат патот до пласман во осмина-финалето.

Сепак, Вардар може да се пофали што после осум одиграни кола го има најдобриот стрелец во ЛШ. Се работи за Тимур Дибиров кој е водечки на листата со вкупно 52 постигнати голови. Зад него е Дика Мем од Барселона со 50 погодоци. Третото место го делат Микел Хансен (ПСЖ) и Никлас Екберг ( Кил) со 49 постигнати голови.