Денес на програмата се 1/4 финалните натпревари во Купот на Македонија. Вардар гостува во Битола кај екипата на Пелистер, каде ќе се обиде да победи и да се пласира во следната елиминицаска фаза.
Јован Качевски од Струга е одреден за главен судија, додека негови помошници се Разме Бакрачески и Симон Грданоски, исто така од Струга.
Натпреварот ќе се одигра на градскиот стадион „Под Тумбе Кафе“ со почеток од 13:00 часот.