Шестмина ракометари на РК Вардар1961 се најдоа на поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров за настап на следното сениорско ЕП што во јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка. На списокот има вкупно 35 ракометари, и од нив ќе бидат избрани оние што ќе патуваат за Унгарија каде настапува нашата репрезентација.
Мартин Томовски, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Филип Талески, Марко Мишевски и Стефан Атанасовски се играчите кои ќе конкурираат за место во тимот.
Во втората половина на декември почнуваат подготовките за ЕП, а од 13 до 17 јануари ќе играме во групната фаза во Дебрецин, кад епокрај Македонија се уште и репрезентациите на Данска, Словенија и Црна Гора. Само првите две репрезентации продолжуваат во следната фаза во Будимпешта.