Ново вонредно коло во младинските фудбалски лиги, кое ќе се одигра во наредниве денови. За Вардар на програмата е дербито од 9.коло со екипата на Академија Пандев.
Во среда, пионерските екипи на спортскиот комплекс во населбата Хиподром се домаќини на Академија Пандев. Натпреварите ќе започнат од 10:00 и 12:00 часот. Во четврток, кадетите и младинците ќе патуваат за Струмица, каде ќе гостуваат на истиов противник во истите саатници. Натпреварите ќе бидат одиграни на Општинското фудбалско игралиште во Струмица.
Академија Пандев е во горниот дел од табелата со секоја генерација, па сигурно е дека не очекуваат квалитетни и неизвесни натпревари.