Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар повторно загуби, ППД Загреб ја продолжи агонијата на нашиот шампион
Вардар повторно загуби, ППД Загреб ја продолжи агонијата на нашиот шампион

Вардар повторно загуби, ППД Загреб ја продолжи агонијата на нашиот шампион

Вардар е поразен и седми последователен натпревар во Лигата на Шампионите. Уште едно големо разочарување од нашиот ракометен шампион, кој не успеа да освои бодови на гостувањето во Загреб.

Гледавме променливо прво полувреме, во кое и двете екипи се менуваа во водство. Штета што вардарци не можат да играат добро во континуитет во едно цело полувреме, само што ќе се одлепат на два гола разлика, му дозволуваат на противникот да влезе во серија, нешто што се случуваше и на овој натпревар со ППД Загреб. Првиот гол, Вардар го постигна дури после четири минути игра, кога погоди Талески, за по неколку минути, домашниот тим да стигне и до три гола позитива (5:2), што беше и најголема разлика за една од екипи во првите 30 минути. Одличен на голот на Загреб беше Славиќ, кој е најзаслужен што неговиот тим имаше предност од два гола на полувреме, но и Томовски на нашиот гол беше солиден. На средината на првото полувреме беше најдобриот период во играта на Вардар, кога момците на Вујовиќ успеаа да направат серија од 1:6 и во 18 минута да поведат со 6:8, што беше знак за Обрван да побара минута одмор. Загреб се врати во натпреварот кога постигна два погодоци во серија и израмни на 8:8, за Дибиров со два идентични голови од контра напад да зголеми на 8:10. Беше и 9:11 за нашиот тим, за да се случи голем и необјаснив пад во нашата игра, дозволуваме на противникот да влезе во голема серија и на полувреме да замине со водство од 14:12, откако Чупиќ погоди од седум метри. Штета што Вардар не беше екипата која беше во водство, па можевме со позитива да влеземе во вториот дел од мечот.

По само една минута игра во вториот дел успеваме да ја анулираме негативата и да го израмниме резултатот со головите на Дибиров и Валчак. На голот, Ристовски го замени Томовски, кој успева да му одбрани пенал на Чупиќ, додека на другата страна ниту Дибиров не успева да претвори пенал во погодок. Сепак, Вардар прави мини серија и поведува со 16:18, со два последователни голови на Жереми Тото, после 43 минути игра. Конечно успеваме да поведеме и со три гола разлика, откако претходно пропуштивме таква шанса во два наврати, во контра Ѓукиќ погоди за 18:21 на осум минути пред крајот. Серија од 3:0 за Загреб, за израмнување на 21:21, додека Валчак го врати водството, во 56 минута. Големо разочарување и на крајот пораз од Загреб со резултат 23:22.