Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Вера-шоу“, голманката Ѓорѓиевска со 10.одбрани и гол во победата над Овче Поле, 10/10 за вардарки во сениорската лига
„Вера-шоу“, голманката Ѓорѓиевска со 10.одбрани и гол во победата над Овче Поле, 10/10 за вардарки во сениорската лига

„Вера-шоу“, голманката Ѓорѓиевска со 10.одбрани и гол во победата над Овче Поле, 10/10 за вардарки во сениорската лига

Во заостанатиот дуел од Овче Поле, денес ЖРК Вардар дојде до 10-та победа од исто толку одиграни дуели во сениорската лига. Црвено-црните дами на домашен терен високо ги совладаа ривалките од Свети Николе со резултат 41-22.

Гостите само 30.секунди имаа поволен резултат на оваа средба оној почетниот (0-0), веќе во 1.минута отворивме со гол на Трпевска. Ги затворивме сите приоди кон голот на Илиќ, таа впиша одбрана во напад наградивме и поведовме со головите на Трпевска, два на Стојановска и Бојана Коцева со високи 5-0.  Гостинот се разбуди и успеа да се врати на само два гола негатива при резултат 10-8. Ние ја подобривме играта, Трајкоска влезе во втората половина на ова полувреме на нашиот гол впиша одбрани па на одмор заминавме со виски шест гола предност. На полувремето беше 20-14 за црвено-црните дами.

Вториот дел па и мечот мора да кажеме дека го обележа најмладата голманка, најдобриот кадетски голман во земјава кој и во сениорска конкуренција го потврдува својот репрезентативен калибар иако не добива шанса да ги брани боите на земјава. Вероника Ѓорѓиевска денес е „МВП“ таа во вториот дел беше двоцифрена сопре 10.удари, на тоа додаде и гол за Вардар преку цел терен зад своето име, а прими и еден удар во глава кој не ја разниша туку ја мотивираше плус. На резултатски план веќе по десетина минути им покажавме квалитет им се одлепивме на двоцифрена предност, 31-17. Ние успеавме да дадеме 11.гола, ривалот само три пати ја совлада Ѓорѓиевска се беше решено. Сите девојки на кои им даде прилика денес Ристова беа одлични особено во вториот дел. Победата дојде со високи 19.гола, однонсо со резултат 41-22.

Прв стрелец беше капитенот Диневска Бојана со 8.гола, Костовиќ Ангела  продолжува со добрите игри и даде 5.погодока, 4ки имаа: Трпевска Ивона и Стојановска Михаела, три девојки има по три гола: Коцева Бојана, Радевска Бојана и Миновска Сара.

Кај голманите Вероника Ѓорѓиевска имаше 10.одбрани(1.гол), Илиќ сопре 3.удара, Трајкоска имаше 2.одбрани.