Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинското фудбалско дерби му припадна на Вардар, кадетите поразени од А.Пандев
Младинското фудбалско дерби му припадна на Вардар, кадетите поразени од А.Пандев

Младинското фудбалско дерби му припадна на Вардар, кадетите поразени од А.Пандев

Денес во Струмица, своите натпревари од вонредното 9.коло ги одиграа кадетите и младинците на ФК Вардар.

Кадетите на Вардар после две последователни победи, загубија од домашната екипа на А.Пандев. Струмичани славеа победа со резултат 4:1.

263727439_1146778449189104_930064793724393236_n

Димитар Трајков беше денес играчот кој ни пресуди со хет-трик во нашата мрежа, истиов играч погоди во 7, 21 и 47 минута од натпреварот, додека резултатот на полувреме беше 2:0. Вардар успеа во 58 минута да го намали резултатот со голот на Теодор Перковски, додека конечните 4:1 на натпреварот беа дело на Мите Стоименов.

Вардар: Данстак, Анчевски, Таневски, Ибраим, Стојановски (К), Перковски, Величковски, Каровски, Стоимов, Јовановски и Здравковски.

Играа уште и Петровски, Ивановски, Хубрев, Савиќ и Филиповски.

Младинците на ФК Вардар го добија дербито со екипата на А.Пандев. Момците на Бобан Бабунски одиграа добар натпревар кој го добија со резултат 2:4.

Академија Пандев беше екипата која го отвори резултатот и која имаше водство после 45 минути игра, со голот на Кире Стојанов во 27 минута. Ова беше се од домашната екипа на овој натпревар, а во второто полувреме видовме еден поинаков Вардар кој до врв ја наполни мрежата на Пандевци. После само четири минути игра, со голот на Антонио Мирков успеваме да го израмниме резултатот на 1:1. Тренерот Бабунски направи измени, и истите се покажаа како решавачки за конечниот исход на средбата. Во игра влегоа Живков и Здравковски. Токму со голот на Славче Живков и тоа само после три минути откако влезе во игра, својот прв допир со топката успеа да го претвори во погодок, за прво водство на вардарци од 1:2. Играта на струмичани се распадна, додека Вардар беше во целосен налет, а во 71 минута, Огнен Здравковски зголеми на 1:3, за работите околу победникот да станат јасни во 78 минута кога со својот прв гол денес Марко Стојилевски (2005) му донесе предност на Вардар од 1:4. На шест минути пред крајот, Шутевски Мартин намали на 2:4 и ги постави конечните на овој дерби натпревар од младинската Супер лига.

Вардар: Јовчев, Јовановски, Ричков, Ѓоргоски (К), Дошев, Хасани, Мирков, Андрески, Марковски, Јусуфи и Стојилевски.

 Играа уште и Тасевски и Трпезановски. 

Со оваа победа, вкупно осма сезонава, младинците се промовираа во есенски шампиони. Со оглед дека ќе се одигра само уште едно коло до крајот на месецот, Вардар веќе ја зголеми предноста пред А.Пандев на шест бодови (противникот има и натпревар помалку), па така црвено-црните ќе „презимат“ на првото место на табелата во младинската СУпер лига.

Во последното коло кое на програмата е претстојниов викенд ќе играме со Пелистер. Во пролетниот дел ќе се одиграат уште останатите 3 кола, по што ќе започне и вториот натпреварувачки круг.