Вчера, на заостанатиот дуел од Овче Поле, ЖРК Вардар дојде до 10-та победа од исто толку одиграни дуели во сениорската лига. Црвено-црните дами на домашен терен високо ги совладаа ривалките од Свети Николе со резултат 41-22. Целосен извештај од дуелот овде!
Во вториот дел на голот на црвено-црните со својот настап го обележа најмладата голманка, најдобриот кадетски голман во земјава, Вероника Ѓорѓиевска. Таа буквално беше „МВП“, беше двоцифрена сопре 10.удари, прими и еден удар во глава кој не ја разниша. Од 18.удара сопре 10, прими само 8 гола, односно имаше неверојатни 56% ефект на одбранети топки.
Сепак она што е најинтересно и ретко го гледаме на дуелите особено во женската лига успеа да постигне гол и тоа од голема далечина, речиси со удар преку целиот терен. Младата вардарка постигна еден не типичен погодок, кој секако треба да се види. Видеото го голот на младата вардарова голманка може да го погледнете ОВДЕ!