Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Мирков донесе три бода против Пелистер, младинците ќе „презимат“ како лидери во лигата
Мирков донесе три бода против Пелистер, младинците ќе „презимат“ како лидери во лигата

Мирков донесе три бода против Пелистер, младинците ќе „презимат“ како лидери во лигата

Младинците на ФК Вардар со победа го завршија првиот дел од сезоната, откако денес на домашен терен го победија тимот на Пелистер. Еден гол го реши победникот, истиот заврши во гостинската мрежа, за минимална победа од 1:0 (0:0).

Тренерот Бабунски започна со следниве 11-сетмина: Јовчев, Трпезановски, Ричков, Ѓоргоски (К), Дошев, Јусуфи, Мирков, Марковски, Здравковски, Живков и Стојилевски. 

Гледавме цврст натпревар, на кој во првото полувреме не видовме многу шанси. Најзрелата прилика за отварање на резултатот ја имаше гостинската екипа, кога еден од играчите на Пелистер од некаде 18.метри ја погоди стативата. Вардар имаше прилика преку преку Живков кој бие на асистенција од Јусуфи, но одбрани гостинскиот голман. После една грешка во нашата дефанзивна линија, противникот можеше да постигне гол, но немаше реализација. До истекот на првите 45 минути, по еден обид од слободен удар имаа и двете екипи. Најпрво на нашиот гол сигурен беше Гоце Јовчев, додека кај нас се обиде Антонио Мирков кој биеше над голот. На полувреме се замина со почетниот резултат 0:0.

1

На стартот на второто полувреме, тренерот на Вардар, Бобан Бабунски, направи дури четири измени. Во игра видовме уште еден играч роден 2005 година, се работи за Давор Серафимов, додека покрај него на теренот беа и Абдула Хасани, Дарио Јовановски и Лео Андрески. Црвено-црните се обидуваа да го отворат резултатот, но мора да признаеме дека Пелистер даде силен отпор и беше тежок „орев“. Конечно успеваме да поведеме, се играше 59 минута кога Мирков беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, по што главниот судија покажа на белата точка. Одговорноста ја превзема најдобриот стрелец на младинците, Антонио Мирков мирно биеше на десната страна, небрането за голманот на Пелистер кој беше принуден да ја вади топката од својата мрежа, за предност на Вардар од 1:0. Дождливото време ги отежнуваше условите за игра на теренот, но Вардар одигра цврсто во текот на целиот натпревар и беше екипата која повеќе ги посакуваше нападите, додека гостинот се бранеше и се обидуваше да изненади од контра напади.

2 3

Гостите од Битола лесно можеа да си постигнат и авто гол, после нафрлена топка од десната страна, еден од гостинските играчи ја изби топката во корнер, но истата помина блиску голот. Шанси имаа и нововлезените Јовановски кој се обиде од слободен удар, противничкиот чувар на мрежата обрани со крајни напори, како и Андрески кој опасно шутираше од десната страна, за топката да заврши крај десната статива. Се закани за момент и Пелистер, но денес Гоце Јовчев не дозволи да биде совладан, последниот удар кај нас го имаше Мирков кој од 20 метри биеше крај голот. На крајот минимална победа за Вардар со резултат 1:0.

Ова беше вкупно деветта победа за младинската екипа на Вардар, која има само еден пораз, и со вкупно 27 освоени бодови ќе „презими“ како лидер на табелата.