Есенскиот првак, ЖРК Вардар лесно го совлада тимот на Спартак на денешниот меч од 12.коло. На натпреварот во „Јане Сандански“ , црвено-црните дами беа подобри со резултат 44-26.
Вардарки досега имаат 11победи на исто толку натпревари и со 33.бода се уделиви лидери со дури девет повеќе од Металург.
На почетокот отворивме со головите на Диневска Бојана и Костовиќ Ангела за почетни 0-2. Потоа, Спартак покажа дека сака да се бори и се врати на гол негатива, дури имаше напад за реми 6-6. На голот влезе Трајкоска која ја замени Илиќ и недозволи изедначување. Ние влеговме во ритам, со три последователни голови на Миновска Сара поведовме со 12-06 по што клупата на ривалот втор пат побара тајм-аут во 15.минута. Сепак тоа не смени ништо, ние направиме нова серија 10-0 и поведовме со 22-06 во 26.минута, до тогаш Трајкоска 17.минути немаше примено погодок во својата мрежа. Во оваа серија се истакнаа крилата, Миновска и Диневска кои казнуваа од контри. На полувреме водевме со високи 26-10.
Ништо посебно не се смени и во вториот период, ние доминиравме на теренот, клупата даде шанса на целиот ростер, младите девојки ја оправдаа довербата. На средината на вториот дел поведовме со 34-15, во напад погоди Коцева, наградувајќи ја одбраната на Вероника Ѓорѓиевска во претходниот напад. Вардарки го диктираа ритамот, младите Маринчов, Радевска, сестрите Коцеви, Ѓорѓиевска и Максимовска покажаа дека имаат значаен квалитет за настап сениорската екипа. Се беше рутина на оваа средба, единствено не беше позната разликата со која ќе победиме. триумфиравме со 18.гола повеќе, победата дојде со резултат 44-26.
Диневска Бојана имаше 10.гола, Сара Миновска погоди 7.пати, три девојки имаа 4ки: Џатевска Ивана, Коцева Бојана и Магдалена Тошевска. Две девојки имаа по три гола, пикерот Дамјаноска Катетина и крилото Радевска Бојана.
Кај голманите, Трајкоска Јована одбрани 10.удари, Ѓорѓиевска Вероника сопре 7.топки, а Илиќ Андреа впиша една интервенција.