Чудни се ракометните патишта.. Владо Недановски, играчот кој со Вардар на два наврати ја покори Европа, доби(ва) шанса да го води најтрофејниот ракометен колектив во државава.
Недановски веќе го имаше и првиот официјален натпревар како прв тренер на Вардар и тоа вчера против Охрид на кој славеше убедлива победа. Но, ова беше само една увертира на она што му претстои како теренер, а тоа е да се докаже на ,,жешкото” гостување во Битола и тоа во среда.
Можеби токму Владо Недановски ,,преку ноќ” ќе стане главна фигура во таборот на ,,вардарци” и ќе донесе победа од Битола, она што не му успеа сезонава на веќе екс стратегот на тимот, Веселин Вујовиќ.
,,Вардар Фанс” му упатува голема поддршка на ,,Бутин” пред дерби пресметката во среда и верува дека овој Вардар е далеку подобар тим и оваа сезона од големиот ривал. Тоа сепак ќе мора да се докаже на терен. Во Битола.