Уште една млада фудбалска репрезентација ќе биде дел од тренинг камп. Се работи за репрезентативците на Македонија до 18 години, која во периодот од 13-18.декември ќе биде во Охрид.
За овој тренинг камп, селекторот на Македонија, Неџат Шабани, повика еден играч од редовите на Вардар, тоа е Марио Ричков кој сезонава е дел од стартната постава на младинската екипа на Вардар.