Вардарци со бод се вратија од гостувањето во Битола и останаа во поволна позиција за освојување на шампионската титула. Двете екипи имаат еднаков број на освоени бодови, но Вардар се уште ја има предноста од победата на првиот натпревар кога во Скопје славеше победа со четири голови разлика.
Вчерашниот бод беше прославен во соблекувалната со едно селфи.