Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар триумфално во Автокоманда, момците на Зенга по победата над Металург ќе презимат на 2.место
Пионерите на  Вардар триумфално во Автокоманда, момците на Зенга по победата над Металург ќе презимат на 2.место

Пионерите на Вардар триумфално во Автокоманда, момците на Зенга по победата над Металург ќе презимат на 2.место

Во последното есенско коло, пионерите на РК Вардар гостуваа кај екипата на РК Металург.  Момците на Зоран Петковски-Зенга кои прва сезона настапуваат заедно дојдоа до нова победа. Пионерскиот тим на пауза ќе замине на 2.позиција на табелата по оваа четврта победа есенва, ние ги добивме сино-белите со резултат 21-31.

269779050_5041072032570613_2557439363483999990_n

Двата тима отворија со по еден гол за почетни 1-1, се играше рамноправно се до 4-4 на оваа пионерска средба во Автокоманда. Вардаровиот тим влезе во препознатливиот ритам особено во одбраната, каде што е наш посилен дел.  Влеговме во серија па се одлепивме на плус пет, односно поведовме со 6-11. Го контролиравме дуелот постојано ја зголемувавме предноста, на одмор заминавме со шест гола повеќе.

269744843_5041071995903950_7360599780577013447_n 269706820_5041071429237340_3243105653217067881_n 269691322_5041072235903926_2040550950911898063_n

За време на паузата на семафорот во салата „Автокоманда“ беше 7-13 за момчињата во црвено-црна комбинација. Во вториот дел нашиот налет не престана, продолживме со зголемување на предноста па отидовме на недостижна, двоцифрена разлика кога некаде пред средината на вториот период поведовме со 11.гола повеќе ( 10-21). Се до крајот беше формалност Петковски даде шанса на поголем дел од ростерот, домаќинот не можеше да ја загрози нашата двоцифрена предност, победата дојде со резултат 21-31.

269690111_5041071975903952_6370408549254921377_n 268842790_210618911162360_1907276687419970287_n 268334377_449013246775448_3183882989831470624_n

Кај нас прв стрелец беше Божиновски Јован со 6.гола, Петар Илиевски и Никола Нечовски имаа само гол помалце, односно погодија по 5.пати. Матеј Тевдовски ја затресе мрежата во 4.прилики,  пет момци имаа по два гола: Матеј Новаковски,  Стефан Лазаревски, Лука Најдовски, Столески Ангел и Томислав Стаменов. Еднаш успешен  како стрелец беше и  Димитар Брзачки. 

268730989_486210336180777_4667673904245727790_n